Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со секретарот за меѓународна соработка доцент д-р Тимчо Муцунски денес во Љубљана на самитот на ЕПП остварија средба со претседателот на Европската народна партија, Доналд Туск. На средбата се разговараше за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со Европската народна партија и за европските интеграции на земјата.
Претседателот Мицкоски посочи дека државата влегува во нов циклус на криза и постојано се оддалечува од датум за преговори со Европската Унија. Мицкоски посочи дека и покрај многу бројните отстапки на Зоран Заев сега се лиферуваат нови датуми и нови пречки кои што треба да се надминат, што значи дека државата губи потенцијал во однос на исполнување на оваа стратешка цел. И покрај сите забелешки поврзани со криминалот и зголемената корупција, недостатокот на реформи во правосудството, како и уназадувањето на економијата, државата треба да напредува во интеграциите во ЕУ, бидејќи тоа е во интерес на целиот Западен Балкан. Земјата не смее да биде заложник на Зоран Заев на патот кон ЕУ, истакна Мицкоски.