Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ преку објава на социјалната мрежа Facebook соопшти дека се сретнал со претседателот на Албанија Илир Мета.
„На работна вечера со нашиот пријател претседателот на Албанија, Илир Мета. За заедничките предизвици, градењето мостови и иднината која мораме да ја обезбедиме. Македонија мора да оди напред, со надеж за промени, за иднината на сите граѓани“, пишува Мицкоски.