„Со овие локални избори буквално заврши реформата во ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Дебати“ на ТВ Шења.
Мицкоски потсети дека се извршени кадровски промени речиси на сите нивоа во претставништвото на партијата споменувајќи ги големиот број нови пратеници во пратеничката група на партијата со луѓето што ќе ги составуваат советничките листи на локалните избори и промените извршени во општинските комитети на ВМРО ширум земјата.
Мицкоски направи споредба со владејачката партија СДСМ истакнувајќи дека таму сѐ уште има ликови кои се поврзуваат со транзицијата и минатото.
Во однос на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ја доживеало својата катарза по владеењето на Груевски, Мицкоски истакна дека неговата партија ја има моќта за внатрешна катарза и промени спомнувајќи дека тие како партија на два пати издигнале како кандидати за претседател проф. Гордана Силјановска и за градоначалник на Скопје , Даниела Арсовска, кои немаат педигре во партијата.