Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа facebook најави дека протестите на неговата партија ќе продолжат за да спречат „нов македонски национален срам“.
„Ние остануваме тука за да се спротивставиме на овие погубни политики и да спречиме уште еден нов македонски национален срам, срам кој ќе значи погибие на македонската историја, македонската култура и мешање во македонските учебници по историја. Тоа е наше богатство, наша сопственост и Зоран Заев нема апсолутно никакво право сам да одлучува за вакви круцијални прашања кои се однесуваат на Република Македонија“, напиша на социјалната мрежа фејсбук првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.