Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ се огласи на ФБ. Тој порача дека од прегрнувањето на Заев со Ципрас и Борисов, Македонија ја боли глава.
Ова доаѓа откако Заев одговарајќи на новинарско прашање за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за личните карти да има етничка припадност, но не и придавката „Северна“, изјави дека тоа е како да водиш љубов, а да не се прегрнеш со партнерот.
Заев воедно порача да не се измислуваат услови и критериуми, етничката графа во лична карта треба да биде прифатена, а според Уставот се е јасно, името на државата е Република Северна Македонија.
Од прегрнувањето на Заев кон Ципрас и Борисов, Македонија ја боли глава!
Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, 16 February 2021