Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод изјавата на Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци, а поранешен член на оваа партија, дадена во Клик Плус на ТВ21, дека бил вклучен во преговори за отуѓување на „Белата палата“, изјави дека такво нешто не е можно бидејќи целиот имот, па и седиштето на партијата е замрзнат во судските случаи Талир 1 и Талир 2. Мицкоски вели дека до скоро им беше блокирана и сметката, па работат волонтерски.
-Со Талир 2 замрзнато е седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, така да и да сакаме не можеме да го отуѓиме објектот.Така, да ако еден ден Митко Јанчев добие можност хипотетички да го распродава тој имот, ќе мора да почека да завршат судските постапки.
Изјавата на Митко Јанчев за „Белата балата“ во видеото подолу.