Коментирајќи го тоа што Иницијативата за промени во ВМРО-ДПМНЕ, закажа вонреден конгрес на партијата на 28 март во Скопје, Христијан Мицкоски изјави дека тоа се мал број на луѓе кои се слуги на Зоран Заев.
-Тие се обидуваат да манипулираат со дел од делегатите кои беа присутни на конгресот во Куманово, но и во Валандово, а со единствена цел практично да добијат милост од нивниот стопан Зоран Заев за да можат да се спасат определен кривичен и политички прогон што се случува за нив денеска. Можам да ги разберам, но не можам да ги оправдам, вели Мицкоски.
Крајот на ноември месец партијата ќе има редовен конгрес на кој ќе се разговара за идните чекори на партијата на новото раководство доколку биде избрано, вели Мицкоски.