Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во Кавадарци по повод Св.Трифун кроеше лозје, па испрати порака до власта.
-Трудот на земјоделците, трудот на лозарите треба да се цени, да не се случува како што тоа беше на пати во минатото да трудот на лозарите не биде платен од страна на откупувачите, но и од страна на државата достоинствено онака како што тие луѓе заслужуваат. Бидејќи навистина маката и потта која што ја оставаат за да можат да произведат и едно зрно грозје е навистина голема, а со тоа да ги прехранат своите семејства во овие тешки услови на функционирање и на живеење, порача Мицкоски