Доцна се сетија на опозицијата – сега не ни треба нов рамковен договор, туку нов договор за Македонија, изјави за Дојче веле лидерот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски.  Неговиот став се однесува на вчерашниот повик на шефот на дипломатијата, Бујар Османи, дека е потребен  нов рамковен договор за ЕУ,  кој ќе го потпишат сите партии, од која било страна на политичкиот спектар. Османи повика да не се губи време

„Преговорите ќе ги надминат политичките мандати на една политичка партија. Ви гарантирам дека до 2030 година ќе има неколку влади од различна политичка провениенција. Мора да ја поделиме и одговорноста и заслугите за овој процес. Мора на крај граѓаните и државата да бидат победници од овој процес (…) Мојот апел до сите политички партии е да не доцниме уште еден ден, утре да седнеме и да потпишеме договор дека за ЕУ ќе немаме разлики, туку ќе работиме заедно на крајната цел, а тоа е членство во ЕУ“, повика шефот на дипломатијата.

Според Мицкоски, за ова прашање требало да се разговара многу порано.