Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се огласи преку социјалните мрежи по повод изјавата на претседателот на државата Стево Пендаровски дадена во Клик Плус на ТВ21, дека уште во декември од „Фајзер“ било кажано дека не продаваат вакцини на земји под 2 милиони жители. Сепак, покрај ова премиерот Зоран Заев постојано изјавуваше дека ќе добиеме илјадници вакцини од „Фајзер“, а првата пратка требаше да пристигне во првиот квартал од месец март.

-Кој повеќе лаже? Премиерот или Претседателот?

Факт е дека Македонија, освен неколкуте илјади донирани, уште не виде ниту една вакцина од било кој произведувач.

-Оставка на најнеспособната Влада, напиша Мицкоски.