Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека ќе чекаат до полноќ да се појави пратеникот Кастриот Реџепи од БЕСА, за кога и истекува крајниот рок за гласање доверба на владата. Како што вели тој, треба да се види дали пратеникот е жив и здрав, дали навистина поради евроинтегративни причини одлучил да не доаѓа или се држи некаде со присила.

Мицкоски вели дека ако навистина се случило пазарење или тој спротивно на својата волја не дошол во Собранието, тогаш како што вели, нема смисла човек во оваа држава и со оваа власт да се заминава со политика. Секако ги прозва премиерот и претседателот да се огласат, бидејќи како што вели тие се најодговорни во оваа ситуација.