Ќе има инфлација сигурно, таа веќе постои сите цени се зголемени, изјави денеска од Охрид лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– Сите цени на производите се зголемени за најмалку 10,15,20 проценти. Тоа најсликовито може да го опишат граѓаните. Нема човек кој денеска тоа не го забележува кога пазарува низ маркетите. Основите продукти се поскапени, лебот, млекото, маслото. Инфлација има, дел е домашна дел е увезена поради политиките кои ги водеше оваа влада на СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.