Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повторно ја критикува власта за нејзиното однесување. Како што вели тој, во изминатиот период, поради пандемијата илјадници луѓе ги загубиле своите работни места, над 3300 луѓе починале како последица на коронавирусот, а додава дека луѓето од власта трошат по еден стан за одмор.

Над 60 илјади граѓани ги загубија своите работни места;

-Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден;

-3364 наши сограѓани ги загубија животите поради корона;

-Имаме жестока здравствена криза и полициски час.

Секој ден е нова борба со животот. Што направија луѓето од власта? Заминаа на одмор во Мексико и Дубаи. Трошат по еден стан за еден одмор.

Од таквата одлепеност од реалноста на човека му доаѓа мачнина и гадење.

Дезертери и криминалци ја водат земјата, напиша Мицкоски.

-Над 60 илјади граѓани ги загубија своите работни места;
-Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден;
-3364 наши…

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, 17 March 2021

Мицкоски алудираше на тоа што поранешниот генерален секртар на Владата Драги Рашковски, кого го обвинуваат за скандал со набавка на софтвер за МВР, за кого и Антикорупциска отвори предмет. За вицепремиерот за борба против корупцијата го обвинуваат дека е на одмор во Дубаи.