Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа се сретнал со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во Собранието.
Од партијата за „Фокус“ потврдуваат дека се одржала средба на барање на Ахмети.
„Она што е вистина, е дека на барање на Ахмети во Собранието се одржа полчасовна средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тема на разговорот беше прашањето за гласање на доверба на Владата на СДС-ДУИ, за што до Собранието се поднесени 61 потпис“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.