ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува трибина во Охрид, каде го презентираат концептот на политиките „Македонија за сите луѓе“. Охрид е главна тема, како и данокот кој се наплажа од граѓаните за кој вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има проект „Мој Данок, за мојот проект во мојата општина“. Воедно Мицкоски го претстави кандидатот за градоначалник на Охрид на локалните избори кои ќе се одржат во октомври, а тоа ќе биде Кирил Пецаковски.

-Првиот проект е мојот данок за мојот проект во мојата општина. Граѓаните ќе можат средствата кои што ги уплаќаат во данокот за имот практично во општинскиот буџет наместо тие средства да се трошат во непродуктивни трошоци, наместо да се трошат во скапо ручеци, патувања и други луксузирања, да можат да изберат за кои проект да ги потрошат тие средства и кој проект да биде реализиран.

Еден проект кој што до сега во Македонија не бил запаметен и вториот проект кој што ќе го презентираме е етапното институционалното децентрализирање, односно по преземањето на власта имајќи предвид дека Охрид е колевка на културата не само во Македонија, бидејќи Охрид е на светот, планираме сите оние институции кои што се поврзани со културата и останатите да ги мигрираме од Скопје практично тука во Охрид, вклучително во крајна мерка и самото министерство за култура, така ќе постапуваме и со други градови и општини во Македонија, мигрирање  на институциите, односно институционална децентрализација, порача Мицкоски.

На минатите локални избори во 2017-та професор д-р Јован Стојановски, кандидатот на СДСМ, победи во првиот круг на изборите за градоначалник на Охрид. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ тогаш беше д-р Митко Тилев.