Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска го информирал  евроамбасадорот Дејвид Гир за почестата злоупотреба на европското знаменце при носење на законите во Собранието од страна на парламентарното мнозинство, додавајќи дека власта не ги прифаќа конструктивните забелешки и амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ кои значат бенефит за граѓаните.

На средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба, енергетската криза, геостратешките случува во регионот и Европа, како и европските интеграции на државата.

 

-Мицкоски смета дека немањето на реформи, лошото менаџирање на владата на СДСМ во однос на економската, енергетската, и здравствената криза, високиот степен на криминал и корупција ја оддалечуваат државата од европскиот пат и не претставуваат европски вредности и стандарди, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

-Корупцијата и криминалот кои се неказнети ја оставаат државава без иднина и реформи за подобар живот, посочил Мицкоски.