Христијан Мицкоски доцна вечерва се огласи на својот фејсбук. Тој објави негова фотографија, до која напиша:
-Главната причина за спорот со Бугарија, е домашната, пазарџиска дипломатија на Заев и Димитров, пишува Мицкоски.
Како што е познато пред два дена, Мицкоски најави дека до Собранието ќе поднесат резолуција за преговорите со Бугарија, во која практично ќе бидат исцртани црвените линии на Македонија во преговорите со Бугарија.