ВМРО-ДПМНЕ денеска и утре одржува т.н саем на отченост, каде се презентираат проектите кои ги ветиле, а исполниле нивните градоначалници. На почетокот на овој настан свое обраќање има лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Тој порача дека нивните градоначалници работат во интерес на граѓаните и вели дека поминала една година, а нема ниту еден скандал во локалната самоуправа.
– Проблеми кои се решаваат заедно со граѓаните. Срушена е бариерата која со децении постои помеѓу граѓанинот и политичарот. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ можете да ги видите по парковите, градилиштата, маалата, улиците, достапни за народот. Очи в очи да разговарате, да дебатирате, да критикувате. И знам дека не може да се решат сите проблеми, ниту пак тоа го ветивме, но затоа се трудиме со сите сили да решиме што е можно повеќе проблеми и да не заборавиме ниту за миг сè што ветивме, порача Мицкоски.
Мицкоски воедно додаде:
-Најголемата придобивка е што се чувствуваат промените што носат иднина. И тие се малата, но многу значајна надеж дека може поинаку. Започнавме да градиме една поинаква слика и покажуваме со дела дека може поинаку, може подобро и може чесно, истакна Мицкоски.