Дека нашиот единствен пат е Европската Унија, се согласува и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Сепак, тој порача дека иако премиерот Зоран Заев направил многу отстапки, за возврат од Унијата сме добиле такпање по рамо, ветувања и ново условување од Бугарија. Според Мицкоски, Заев смета дека за да почнеме преговори, треба да решаваме прашања од 19 век.
„Европската Унија треба да биде погласна за криминалите кои ги прави оваа влада и за грешните политики кои што земјава ја туркаат во бездна…Точно е тоа дека нашиот единствен пат е кон Европската Унија, која мора многу повеќе да се ангажира околку обезбедувањето на нашата иднина. И затоа од овде, од слободарски Прилеп ќе им порачам, преговори веднаш, оставете го Заев и тие главоклимачи околу него. Не се тие Македонија, туку овој чесен и честит народ и вредни домаќини“, рече Мицкоски.