Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција најави дека ќе поднесат резолуција за преговорите со Бугарија и дека за оваа прашање е потребен национален концензус.
Според него, на овој чекор се решиле затоа што спорот со Бугарија се продлабочувал и станувал се поголем а дека Владата тргувала нови идентитетски обележија, историски периоди, македонски херои и македонскиот јазик.
– До сега оваа Влада Влада требаше да научи дека е потребен национален и државен консензус за националните и државни прашања, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцира дека Бугарските позиции биле познати во спорот, но дека не се знаеле црвените линии на Македонија и дека поради тоа Владата треба да разберела дека државата е на сите граѓани, и сите мораат да знаат за државните решенија.
– ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи до македонското собрание Резолуција во која ќе се дефинирани македонските позиции во преговорите со нашиот источен сосед. Во самата резолуција се содржани дефинициите и јавно, повторувам и јавно декларираните ставови на МАНУ, најстариот универзитет УКИМ И МПЦ ОА-Јустинијана Прима за јазикот и идентитетот. Она што го нудиме не е авторски текст на ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа што го дефинирале највисоките научни и општествени авторитети како заеднички државен и национален интерес, додава Мицкоски.
Мицкоски потенцира дека на овој начин оставаат поширок простор за прифаќање на оваа Резолуција и од останатите политички партии во македонското Собрание.