„Дијаспората не се попишува туку се евидентира, тие бројки не влегуваат во процентот на население во Македонија“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски е дециден дека доколку оние кои живеат во земјава и оние кои се иселиле во странство се пресметуваат заедно, опозицијата тоа нема да го признае.
„Таков тип на резултати ние нема да признаеме, се знае што значи според ЕУРОСТАТ и според методологијата што е прифатена попис на население и домаќинства. Ова е евиденција на дијаспора и како евиденција ќе ја третираме“, истакнува Мицкоски.