Претстојните избори кои треба да се одржат кон крајот на месец октомври ќе се реализираат преку отпечаток од прст, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 објасни како ќе изгледа овој изборен процес.
Мицкоски појаснува дека таквите терминали би можеле да гарантираат поголема демократија.
„Тие терминали ќе функционираат офлајн, тоа значи дека ќе имаме еден сервер во определено гласачко место во кој што ќе се содржани отпечатоците од прст од гласачите на тоа место“, додава Мицкоски.