Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дебатната емисија “Што не е јасно” на ТВ Алфа потенцираше дека државната администрација, како и сите државни органи се заробени од ДУИ речиси 20 години. Тој додаде дека не е нормално една политичка партија да создава држава во институциите и да функционира согласно сопствените потреби.
„Од таквиот начин на работа и инфилтрирањето само на партиски кадар насекаде низ државните институции, придобивка немаат ниту Македонците, ниту Албанците, ниту пак другите етнички заедници. Тоа е уназадување на општеството“, додава Мицкоски.
Според Мицкоски формирањето на длабока држава придонесува задушување на општеството и на кратење на можностите на граѓаните.
„ДУИ користи ист модел веќе 20 години и тој не враќа со никаков плод кој го почувствувале граѓаните на Република Македонија. Токму затоа на таквиот начин на работа мора да му се стави крајот, а тоа е возможно само доколку се сплотат сите опозициски партии“, вели Мицкоски.