Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција изјави дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски немал храброст да се појави во јавноста пред граѓаните и да каже каде е Сашо Мијалков.
-Кога ја нацртав линијата во ВМРО-ДПМНЕ дека компромис со криминалот не правам, тие кои се научени така веднаш се соединија. Затоа најдобар пријател на Заев станаа т.н. иницијатори. Добро е што се собраа сите на купче, лошо е што хараат по државата и пљачкосуваат, вели Мицкоски, кој притоа додаде:
-Додека МВР на Спасовски пишува казни на народот, и се фали колку казни напишаа за народот, Мијалков го пуштија да им избега со милионите. Но на овие арамии им доаѓа крајот, вели Мицкоски.