Партизаните, тој 11 Октомври 1941 година, како и нивните претходници револуционери, покажале невиден хероизам да се спротивстават на фашистичкиот и секој друг окупатор на татковината затоа што ги водела љубовта кон Македонија, порача Мицкоски по повод празникот 11 октомври, притоа додавајќи:

Таа љубов гори во нас и нема да дозволи никој да се пазари со националните и државните интереси. Нека е вечна славата и споменот на сите знајни и незнајни борци за Македонија. Нека е вечен празникот 11 Октомври. Нека е вечна Македонија.

Инаку, Мицкоски по повод 11ти Октомври – Ден на народното востание кај Могилата на непобедените — меморијален комплекс во Спомен паркот на Револуцијата во Прилеп, положи свежо цвеќе.