Лидерот на опозиционата ВМРО–ДПМНЕ Христијан Мицкоски со остра објава на социјалната мрежа facebook ја коментираше веста за тоа дека Македонија нема да добие финансиска помош од солидарниот фонд на ЕУ.
„На исток бркаат провизии, а запад му затвара врата на Заев зошто е корумпиран.
Вака на кратко изгледа сагата за набавка на вакцини, додека државава руши рекорди во смртни случаи поради Корона.
Денес за жал Македонија доби уште еден врел шамар поради неспособната тендер влада на Заев.
Македонија не е во групата на земји на кои Европската Комисија ќе им помогне со финансиска и медицинска помош преку солидарниот фонд чиј вкупен износ е 530М€, во кој од регионот вклучени се земјите кандидати Србија, Албанија и Црна Гора.
Јасно е дека никој не сака соработка со корумпиран премиер и влада. На исток бркаа прозивии за набавка на вакцини, на запад затвораат врата затоа што никој не дава пари на влада која е најкорумпирана во Европа.
Луѓето кои денес ги загубија животите, утре можеби ќе беа живи ако имаа избор за вакцинирање.
Ова се случува затоа што наместо да делат вакцини, тие сакаат да делат тендери на фантом фирми“, стои во објавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Facebook.