Сепак додава, дека со одредени измени, парите од ЕБОР може да се задржат, а Скопјани да го добијат тоа што го заслужуваат. За овој проект, Мицкоски рече дека ќе даде оценка и како професор и како инжињер

-Тоа техничко решение кое што за жал ни го претставуваат, како техничко лице на скала од 1 до 5 го оценувам со најниска оцена еден, а како професор тој нема да го помине испитот.Со мали корекции, но и со суштински измени на тој проект средствата сепак ќе бидат тука и ќе можат скопјани да го добијат тоа што го заслужуваат, а не тоа што се обидел некој да им го наметне, така што накратко сакам, како техничко лице, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Новата градоначалничка која на локалните избори беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ речиси еден месец по изборот, ретко се појавува во јавноста и се уште нема конечен одговор како поминале највените разговори со ЕБОР и каква ќе биде судбината на проектот.. Мицкоски побара да и се даде повеќе време.

-Нормално е да се остави 100-тина дена за да се види начинот на функционирање, од она кое што го гледаме во Градот Скопје, а тоа таа кое што го гледа и кое што мене ми е пренесено за тоа што оставил нејзиниот претходник, а со тоа што го оставил нејзиниот претходник ќе се занимаваат и обвинителството и останатите органи во државата,истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

За БРТ системот град Скопје доби 70 милиони евра кредит од страна на ЕБОР, кои што Арсовска порача дека ќе се обиде да ги пренамеми тие средства, но за Канал 5 од ЕБОР тогаш посочија дека таквиот потег е невозможен бидејќи парите се одобрени врз основа на проектот.