Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека оваа влада покажала дека не знае како се води држава. Затоа како што вели час поскоро треба да се одржат предвремени парламентарни избори, бидејќи ова мнозинство е нестабилно.
„Час поскоро треба да се одржат предвремени парламентарни избори бидејќи ова нестабилно, мало, тенко владино мнозинство покажа дека Македонија е хибриден режим, дека е заглавена во корупција и е на 111-то место, изјави Мицкоски.
Мицкоски порачува дека заедно со локалните избори оваа година треба да се одржат и предвремени парламентарни.
Иако бара предвремени парламентарни избори, сепак Мицкоски неколку пати досега порача дека планираниот попис во април оваа година треба да се одложи поради заштита на здравјето на граѓаните поради пандемијата со Ковид 19.