Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да го казни припадникот на МВР којшто приведе член на партијата на денешната блокада кај трговскиот центар Мавровка.
„Стефан е исклучително храбро и чесно момче, кој денеска беше за жал жртва на фрустрацијата на еден припадник на министерството за внатрешни работи кој применил и сила. За тоа имаме и медицински извештај кој ќе биде даден на увид на јавноста, рече Мицкоски, во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа.
Тој вели дека очекува од страна на министерот и командирот на полициската станица овој дивјак да биде најстрого санкциониран.
– Ако мисли дека значката на МВР и оружјето што го носи на реверот му дозволуваат да применува сила, тогаш ваквите дивјаци не им е место во МВР, потенцираше Мицкоски