Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата “Што не е јасно” на Алфа телевизија истакна дека здравјето нема цена и затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе повика граѓаните да си го заштитат здравјето. Ако граѓаните се чувствуваат небезбедни да не отвораат врата.
Мицкоски ги нарече чиста глупост, тврдењата дека тие што нема да отворат врата ќе добијат кривични пријави.
Тој додаде дека доколку попишувачите не се вакцинирале, тогаш процесот е навистина ризичен и не треба да се прифати. Голем број семејства поминаа низ пеколни денови поради коронавирусот и токму затоа граѓаните треба да бидат трезвени и да размислат дали треба да отворат или не, додаде Мицкоски.
-За да дојде некој кај мене дома и јас да му отворам врата за да се попишам, мора тој да биде имунолошки подготвен. Ако пописот почнува на 1-ви април, тогаш тој нема да биде имунолошки подготвен. И јас вратата нема да ја отворам и не само јас, туку и стотици наши граѓани. Тогаш ние нема да добиеме правилни податоци од овој попис. Тогаш зошто трошиме пари. Зошто правиме попис ако податоците што ќе ги добиеме не се податоци кои што нас ни се потребни за да понатаму го планираме развојот на Македонија, посочи Мицкоски.
Луѓето нема да отвораат врата за да се попишуваат. Еве јас ќе бидам тој кој нема да отворам врата, моите родители ќе бидат, рече Мицкоски.