Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на утрешната 36. седница на чиј дневен ред се законите од петтиот пакет мерки, изјави вечерва координаторот на пратеничката група Никола Мицевски, пренесува Плус инфо.
– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во Собранието и ќе учествува во работата на 36. седница. Доколку немаат пратеници, сите 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат во пленарната сала. Нема да бидеме внатре на 32. седница. Работа на претседателот на Собранието е да констатира има или нема кворум за 32. седница. Доколку има кворум, работи по 32.седница и завршува со неа. Доколку нема кворум, не ја ни почнува или констатира и ја презакажува за некој нареден период – рече Мицевски.