Од денес, етичкиот кодекс не постои. Денес СДСМ го оправда однесувањето на Џафери и односот кон администрацијата кој што го слушна целата македонска јавност, обвинува Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова што денес го доживеа администрацијата и на денот кога се случи, тоа што се направи со заклучувањето на пратениците е нешто што се случува во секоја институција во целата држава, секој ден. Омаловажувањата, понижувањата, мобингот, непочитувањето е нешто што на дневна основа го доживуваат сите граѓани на државата, без разлика на верска, етничка или било која припадност. Вака функционира двоецот, СДСМ и ДУИ. Вака функционира во целата држава. Вака е со се во државата. Секогаш кога треба да понесат одговорност бегаат од истата, истакна тој.
Мицевски порача:
„Одговорност ќе има. Ќе одговараат пред граѓаните на Република Македонија.
На 18 јуни е општонародниот протест и е почеток на крајот на оваа аздисана власт и на ова безредие во кое што живееме, а на коешто за жал бевте сведоци и вие денес“ – истакна тој.