Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски пред малку го напушти Парламентот во скафандер и појасни дека ќе се врати, но морал да излезе поради тоа што „така налагале протоколите“, јавува ТВ 24.

Мицевски не кажал во колку часот ќе се врати, а на прашање дали ќе обезбедат 61 пратеник за гласање недоверба на Владата, рекол дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски веќе дал изјава за тоа.