Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „За обнова на Македонија” денеска гостуваше во радио Лидер каде што говореше за случувањата во Собранието во изминативе денови.
Мицевски посочи дека трите закони од петтиот пакет на мерки на седница беа ставени со многу други закони на дневен ред.
„Во четвртокот додека се одвиваше 32-рата седница Џафери влезе со некое нерационално барање во текот на попладневните часови, да завршиме со 32-рата седница, да ги изгласаме законите почнувајќи од 32-рата седница иако немаа кворум, и да продолжиме после 18 часот со 36-тата седница. Наше барање и наш приоритет беше дека барањето на граѓаните е пакетот мерки. Значи 32-рата седница и седници како 32-рата имаа 20 незавршени и можеа да почекаат”,појасни Мицевски.
Мицевски додаде дека Џафери не го послуша барањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Мицевски посочи дека во 32-рата седница имаше неколку закони меѓу кои и за јавни набавки, во кој во еден член се менува можноста да може 100% да се исплаќа авансно во случаеви поврзани со КОВИД-19 при договори во четири очи. А, тоа значи дека она што се случуваше во изминативе неколку месеци, а немаше законско решение како набавка на вакцини сега е легализирано.
Мицевски се осврна и на пратениците на владејачкото мнозинство кои дошле при што се и на КОВИД-19 позитивни.
„Изолацијата значи да седиш, дома ние имаме пратеник кој дојде на работа, кршејќи ги сите протоколи, Уставот и кривичниот законик. Имаме обид за загрозување на животите на пратениците и на стручните служби во собранието со внесување на позитивни лица, изјави Мицевски.
Мицевски прашува кој издаде документ да може позитивни лица да издадат документ и да одат во Собрание и да ги ризикува животите на пратениците и вработените во Собранието.