Американската актерка Миа Фероу изјави дека се „плаши“ од нејзиниот поранешен партнер Вуди Ален.

Имено, само неколку дена пред премиерата на новата документарна серија за животот на Вуди Ален и Миа Фероу закажана за 21 февруари, „HBO“ објави нов трејлер. Документарната серија ќе ја испитува повеќедецениската приказна за обвинувањата за сексуално злоставување против Вуди Ален во кои е вклучена и неговата ќерка Дилан.

Актерката беше во врска со 85-годишниот режисер помеѓу 1980 и 1992 година, а скоро 30 години по нивната разделба, вели дека уште се плаши од нејзиниот поранешен партнер.

Новата документарна серија на „HBO“ која ќе следи обвинувањата за злоупотреба, последователното судење за старателство, врската на Ален со ќерката на Фароу Сун-Ји и последиците од траумите на семејството во следните години.

„Allen v. Farrow“ содржи ексклузивни, тешки интервјуа со Миа Фароу, Дилан Фароу и Ронан Фаору, како и со семејената пријателка Карли Симон, роднини, истражители, експерти и други очевидци.

Кога имав седум години, татко ми ме турна во бараката од нашата куќа на езерото и сексуално ме нападна. Тоа се случуваше и претходно, од несоодветно допирање до туркање на палецот во мојата уста“, изјави Дилан.

Во документарниот филм, Миа изрази жалење што некогаш започнала врска со Ален и вели дека тој никогаш не требало да биде дел од нејзиното семејство.

Да можам да се вратам назад во времето, посакувам никогаш да не го сретнев. Многу жалам за тоа во животот, што донесов некој таков во моето семејство… И денес се плашам од него“, вели Миа.