Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, обвинет за масовното прислушување, вчера пред суд тврдеше дека нема ниту еден доказ дека илјадниците снимени разговори се од Управата за безбедност и контраразузнавање и дека таму се вршело прислушувањето, но дека тоа не значи дека во земјата не се прислушувало.
Мијалков рече дека лично тој присуствувал на презентација на опрема за прислушување од една израелска компанија, на која веднаш било детектирано дека во моментов се прислушувало и од други три системи.
Тој тоа не го пријавил оти мислел дека тоа е дел од тактичката опрема на МВР.
„За жал тоа не беа системи на УБК, па преку овој настан сакам да ги потврдам моите сознанија дека е можно да била следена комуникацијата преку опрема која не е на МВР“, сведочеше ексдиректорот на УБК.