Порталот МКД.мк повикувајќи се на извори од ВМРО-ДПМНЕ објави дека наводно Сашо Мијалков стигнал до Белград во неговото бегство, но се вратил по договорот со Зоран Заев.

Како што пишува МКД.мк мијалков избегал во неделата, односно тогаш полицијата не успеа да го најде за да оди во куќен притвор, а преговорите со власта наводно почнале во понеделникот, откако меѓународната заедница извршила силен притисок врз Заев да се најде начин бегалецот до четврток да се врати во земјава. Но засега никој не знае што точно се договориле Мијалков и Заев.