Претрес бил извршен вечерва на автомобил марка „голф“, кој, како што информира ТВ21, е во сопственост на обезбедувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Тој, според Обвинителството, веќе ја напуштил државата.

При претресот пред полициската станица во Кисела Вода вечерва биле одземени неколку „ајфон“ мобилни телефони, актовки со документи, а откако завршил претресот, повторно продолжил распитот во полициската станица.

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен. Полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на Обвинителството, викендот го донел Кривичниот суд.

Како што објавивме претходно, Министерството за внатрешни работи, на својата веб-страница, во делот на потраги, попладнево ја ажурираше објавената потерница по поранешниот директор на УБК , од национална во меѓународна.