ДУИ го претвори симболот на гордост во симбол на корупција-од СОРАВИЈА до казина и српски банки, кажа кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, од Конвенцијата на ВЛЕН одржана во Скопје.
„Во овие денови, добив пораки од секој агол на земјата, но и од нашата горда дијаспора. И сите тие пораки носат едно заедничко чувство: разочарување. Разочарување од оние што пред една година закануваа дека со “ураган“ ќе не срамнат со земја, што шетаа со куфери низ Чаир како газди, што го нарекоа Чаир “Кандахар“, а денес, со иста ароганција, се осмелуваат Албанците да ги наречат кучиња. Но јас сакам да ви кажам: не ви враќаме од страв, туку од гордост. Зароа што скопјанецот не се плаши – кога има потреба – скопјанецот ја остава владата и излегува на мејдан. Затоа ви велам: не, ние не сме кучиња – ние сме Албанци, не, ние не сме ни слуги, ни лажговци – ние сме луѓе со достоинтво“, рече Меџити.
„Кого имаме спроти нас на овие избори? Спроти нас имаме еден хибриден параполитички модел, чудна мешавина од политичари со истечен рок и други што уште бараат место во политичкиот дискурс. Тоа е непринципиелна комбинација на интереси завиткана под новата кратенка – АКИ, Алијанса на корупцијата за интеграција. Не е случајно што за само една година и нешто, тие го сменија името и составот неколкупати, само за да ја сокријат горчливата вистина: дека зад сета оваа “алијанса“ се крие стравот од името ДУИ. Некогаш симбол на гордост, денес тоа име е претворено во симбол на ендемична корупција: СОРАВИЈА, ЛОТАРИЈА, АС СЕЊАК – тоа се вистинските причини зад коалицијата Алијанса на корупцијата за интеграција. И затоа ние ќе ги победиме на избори и ќе ги демаскираме нивните афери“, рече Меџити.
“Врховниот лидер“ на АКИ, додаде тој, живее во илузија, си мисли себеси дека е вечен на престолот.
„Тој зборува и се однесува како владетел, јавно ги фали соработниците, а зад грб им мести стапици. Еден пропаднат модел што нема ниту визија, ниту правда, ниту политички морал – туку само тесни лични интереси, кои ги држат во заложништво надежите на граѓаните толку години. Затоа, на овие избори ние ќе ги победиме – не само ќе ги победиме, туку ќе ги декласираме“, рече Меџити.