Во рамки на билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија денеска ќе се реализира заедничка меѓународна вежба со акцент на гасење на шумски пожари во регионот на општините Делчево и Берово.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека вежбата ќе се одржи д 12:30 до 15:00 часот во Мачево, Општина Берово.