Некогашниот голем ас на светскиот ракомет и ѕвезда која долго траеше, Петар Метличиќ во ексклузивно интервју за Gol.mk порача дека нашата легенда Кире Лазаров треба да остане во ракометот и по завршувањето на играчката кариера,
Метличиќ, кој во Хрватска е ценет стручен коментатор, го нарече нашиот Лазаров голем авторитет и силна појава.
„Со оглед на тоа што во Македонија има свој клуб и школа, веројатно се подготвува за тренер. Тој е големо име и ќе биде штета ако не остане во ракометот. Но, веројатно ќе остане, но не знам во која улога. Кире е голем авторитет и појава, сите деца и луѓе во ракометот треба да се угледаат на него и штета ќе биде да не се искористи“, ни рече хрватската легенда.
Комплетното интервју со Петар Метличиќ за Gol.mk ќе можете да го прочитате за неколку дена.