Новогодишна ноќ со врнежи од снег ќе има само на повисоките места. Во пониските предели, според метеоролозите, ќе биде суво, а во западните делови ќе има услови за слаб дожд.

Од УХМР информираат дека за време на новогодишната ноќ, во најголемиот дел од земјата, ќе биде суво, освен во крајните западни делови каде што ќе биде пооблачно со услови за појава на слаб дожд и снег на повисоките места. Минималата темпратура во ноќта меѓу 31 декември и 1 јануари на некои места ќе се спушти до минус два, а највисоката ќе биде до три степени. Првиот ден од новата година температурата ќе се движе меѓу 8 и 13 степени.

Од утре во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди повеќе на исток и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови со повремен дожд, на повисоките планини од снег.

Температурите ќе бидат над нулата. Минималните утре ќе се движат од еден од седум степени, задутре од два до седум, четврток од три до осум. Под нулата ќе паднат по Нова година, односно на 1 јануари ќе биде од минус два до четири, сабота од минус три до четири и во недела од минус еден до шест.

Дневните температури во текот на целата недела ќе се движат меѓу пет и 16 степени.