Претседателот на Албанија, Илир Мета во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека проблемите на Албанците во Македонија се пред се, одговорност на албанските политички лидери, граѓанското општество, интелектуалните елити, верските лидери во земјата.
Тој додава дека Албанија може само да помогне.
„Не дека не сме информирани што се случува во Македонија, но немојте некогаш да правите како што правиме ние. За проблемите кои ги имаме ние, проблемите кој ги има Албанија велиме што ќе рече одредена амбасада или како Брисел ќе ни го реши овој проблем, а кога самите треба да преземеме одговорност. И тука, пред се тоа е одговорност на албанските лидери, политичките сили кои се наоѓаат во институциите, на нивната улога. Затоа кога говориме за евроатланските интеграции се разбира дека сите овие аспекти треба да ги земеме во предвид затоа што ова е еден конкретен процес не е една реторика. Исто така е улога на граѓанското општество кое треба да врши притисок и да бара одговорност од албанските претставници, но не само од нив туку и од другите државни авторитети бидејќи тие исто така имаат своја улога. За да се оди во оваа насока е одговорност и на елитите, на педагозите, на верските лидери. Секако дека Албанија има и ќе ја има својата улога, но сите треба да работат во оваа насока“, вели Мета.