Албанскиот претседател Илир Мета им се обрати на граѓаните на Албанија со повик да му помогнат на „украинскиот народ кој се соочува со рускиот окупатор“ и да го потврдат хуманизмот и човечката солидарност кои се „скапоцени карактеристики на нашата нација“.
Мета пишува дека поради жестоките борби, хуманитарната ситуација во Украина е крајно критична и понизно ги повикува сите да ја следат иницијативата на албанскиот Црвен крст, за собирање помош за поддршка на украинскиот народ.
– Почитувани граѓани поради жестоките борби, хуманитарната ситуација во Украина е исклучително критична. Понизно ве повикувам сите да ја следите иницијативата на албанскиот Црвен крст, да собереме помош за поддршка на украинскиот народ кој херојски се бори во секој град, маало и улица. Хуманизмот и човечката солидарност се скапоцени карактеристики на нашата нација. Албанија стои до Украина и нејзиниот народ, се наведува во повикот на Мета.
Претходно тој на социјалните мрежи објави видео со секвенци од војната, хуманитарни активности и протести против руската агресијата врз Украина, и напиша дека е многу важно граѓанското општество да продолжи со хуманитарната помош.
– Албанија рамо до рамо со Украина, во целосна солидарност со напорите на народот кој херојски се бори да ја одбрани својата слобода по секоја цена. Го охрабрувам граѓанското општество да продолжи со хуманитарната помош. Застанете до Украина. Стоп за руската агресија, напиша Мета.
1/2 Dear 🇦🇱citizens,
Due to the fierce fighting, the humanitarian situation in #Ukraine is extremely critical. I humbly call on you all to follow the initiative of @RedCrossAlbania to collect aid in support of the 🇺🇦people who are fighting heroically. 🇦🇱🤝🇺🇦 #StandWithUkraine pic.twitter.com/qA4m18rqYv— Ilir Meta (@ilirmetazyrtar) March 1, 2022