Актерот Метју Пери зборуваше нејасно за време на интервјуто со кое го промовираше повторното обединување на „Пријатели“. Покрај тоа, тој делуваше изгубено, не знаеше што точно сака да каже и беше буквално дезориентиран, што ги збуни неговите фанови, пишува пораталот „Page Six“.
Имено, Пери во дел од интервјуто во кое зборуваше за тоа како украл тегла кекси од сетот, започна да пелтечи и буквата „с“ ја замени со „ш“.
По објавата на интервјуто на социјалните мрежи започна да се расправа за тоа што се случува со актерот.
„Не можев да верувам кога го видов. Срцето ми се крши додека го гледам“, гласеше едниот коментар.
Но другите беа прилично остри кон актерот
„Дали ова е алкохол или мозочен удар!“, „Жалам што морам да го кажам ова, но Метју Пери ме плаши како ѓавол“, „Тој е изгубен и зборува нејасно. Што ли му се случило?“, се само некои од изјавите на гледачите.
Пери своевремено имаше проблеми со алкохолизмот и наркотиците. Тој беше зависен од таблетите против болки.
Да се потсетиме, повторното собирање на екипата од култната серија „Пријатели“ за кое се зборуваше неколку месеци наназад, ќе се случи многу брзо. Имено, официјално е објавено дека специјалната епизода ќе се емитува на 27 мај, и тоа на платформата HBO Max.