До крајот на неделава ќе биде готов петтиот пакет економски мерки, ако дадат зелено светло синдикатите и стопанските комори. Пакетот ќе тежи помеѓу 50 и 60 милиони евра обезбедени од буџетот, а 150 милиони ќе бидат доначни олеснувања.

Тој не соддржи еднократна помош, но ќе има отпис на камати за долгови на граѓани кон јавни и комунални претпријатија. Ќе се простат каматите на долговите  постари од три месеци, без ограничување колку години е застарен долгот.

Со петтиот пакет не се укинуваат ваучерите за туризам за граѓаните зголемувајќи ја сумата од 100 на 250 евра.

За компаниите, наместо субвенции за исплата на минималец, Владата им нуди бескаматни кредити на работодвачите.

„Повеќе занаетчиски дејности да влезат во намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% или да се покачи границата за влез на ДДВ од 2 милиони, на 3 милиони денари, бидејќи на тој начин голем дел од занаетчиите ќе излезат од ДДВ обврзници, а особено тоа е проблем на услужните занаетчиски дејности коишто не можат да вршат поврат на ДДВ, туку само го плаќаат.“,  вели Анета Атанасовска, Занаетчиска комора Скопје.

Синдикатот бара субвенциите за плати да продолжат и во наредните месеци. За поддршка на македонската економија синдикатот ѝ препорачува на Владата државните органи да вршат набавки само од домашни компании кои не ја злоупотребиле помошта и не отпуштале работници неосновано.