Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси може да биде казнет за кршење на мерките за коронавирус, објави денешното издание на шпански „АС“.

На 3 мај, Аргентинецот организираше тимска вечера за собирање на соиграчите пред претстојниот натпревар на шпанското првенство против Атлетико Мадрид.

Фудбалерот се соочува со казна од 3 до 60 илјади евра. Во Каталонија има ограничување за собирање најмногу до шест лица во една просторија. Ова мерка е до 8 мај. Забележано е дека на вечерата во куќата на Меси имало околу 50 луѓе.