Барселона летово купува над своите можности, но тоа не значи дека планира да престане. Неодамна претседателот на каталонскиот клуб, Џоан Лапорта излезе во јавноста велејќи дека му „должи“ на Лионел Меси, а токму враќањето на аргентинскиот фудбалер го посакува Чави, актуелниот тренер на Барселона.
Advertisements
Договорот на Меси истекува следното лето, па од тој аспект нема проблем. Сепак, „Мундо Депортиво“ ги пренесува изјавите на лица блиски до Меси кои потенцирале дека тоа нема да се случи.
„Не не контактираше Џоан Лапорта или обратно, а секој што тврди поинаку лаже“, цитира гореспоменатиот весник неименуван извор.
Секако, големо прашање е дали Меси и по истекот на договорот ќе остане во Париз. Сепак, реалноста е дека тој во моментов не размислува за тоа и се фокусира на Светското првенство кое се игра во Катар.