Лионел Меси ќе го пропушти последниот натпревар во сезоната на Барселона.
Барселона утре игра против Еибар, но во последното коло останаа математички без шанса за титула, па овој натпревар е само формалност за Каталонците.
Роналд Куман реши да му даде пауза на Меси, па Аргентинецот нема да тренира денес, и ќе го пропушти споменатиот дуел.
Освен Меси, порано на одмор заминува и Педри, кој претходно ги играше сите натпревари во Ла Лига.
После натпреварот со Еибар, сите играчи на овој тим одат на пауза. Некои наскоро ќе играат пријателски натпревари со репрезентации, додека други ќе одат на Европско првенство.