„Л’Екип“ неодамна откри детали од неговиот договор со ПСЖ. Годишната нето плата ќе му изнесува 30 милиони евра. Клубот за него ќе одвојува речиси 60 милиони секоја година, откако ќе ги плати сите давачки.

Сепак, интересно е тоа што дури 10 милиони евра ќе бидат исплатени преку клупската криптовалута „ПСЖ Фантокен“, и тоа благодарение на договорот на овој тим со сајтот Crypto.com, од кој, пак, ПСЖ ќе инкасира над 30 милиони евра.

Постои и клаузула која вели дека ако Меси ја продолжи верноста со тимот, во 2023 и 2024, година ќе заработи дополнителни десет милиони, односно годишно ќе инкасира 40 милиони евра.